
Премиерниот натпревар од 29. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Селта од Виго и Малага, заврши со сигурен триумф на гостинот од 2:0.И првиот и вториот погодок на натпреварот, постигнати во 24 и 32 минута, беа дело на дефанзивниот играч за врска Игнасио Камачо.
Кога се во прашање саботните натпревари, убедливо најголема неизвсност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу екипите на Атлетик (Б) и Гетафе.
Доколку ја оправдаат улогата на благ фаворит, фудбалерите на Атлетик (Б), ќе бидат уште поблиску до зацртаната цел кога е во прашање актуелната сезона, а таа освојување на четвртата позиција на табелата и настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.
Ништо помалку интересна нема да биде пресметката помеѓу екипите на Еспањол и Леванте.
Денеска на програмата: Гранада – Елче, Еспањол – Леванте, Валјадолид – Р.Валјекано, Атлетик (Б) – Гетафе.