
Тимот на Њу Орлеанс го совлада шампионот Мајами со 105:95 во НБА лига додека, Мемфис ја искористи лошата вечер на Индијана за да слави со 82:71.
Шампионот дефинитивно се наоѓаат во лош ритам, бидејќи го претрпе седмиот пораз во последните 11 меча, и за малку ќе останеа и без Леброн Џејмс. „Кралот“ го повреди скочниот зглоб во третиот период, но одигра до крај и мечот во кој постигна 25 поени, 9 асистенции и 8 скока.
Сепак, тоа не беше доволно да се слави во Луизијана бидејќи своја вечер имаше Ентони Дејвис со 30 поени, 11 скока и три украдени топки.