Вардар како ранет лав пред дуелот со Шкендија

Премиерниот натпревар од 23. коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот на националната арена „Филип Втори”, помеѓу екипите на Работнички и Брегалница, заврши со убедлив триумф на „романтичарите” од 4:0.

Од денешните натпревари, убедливо најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу вечните ривали, Вардар и Шкендија.Далеку поголеми проблеми, кога е во прашање здравствениот билет, има предводникот на актуелниот шампио на Македонија, искусниот руски стручњак, Сегеј Андреев, кој ги нема на располагање услугите на најголемите ѕвезди во неговиот тим, Илчо Наумоски и Филип Ивановски.

Екипата на Хоризонт од Турново важи за голем фаворит пред дуелот против новајлијата во елитното друштво, тимот на Еуромилк, а фудбалерите на Пелистер имаат обврска да забележат триумф во дуелот против екипата на Македонија ЃП.

Денеска на програмата: Хоризонт Т. – Еуромилк, Пелистер – Македонија ЃП., Ренова – Гостивар, Металург – Напредок, Вардар – Шкендија.