
Сообраќајната полиција, викендот санкционирала 277 учесници во сообраќајот, а кај 43 возачи е утврдено возеле под дејство на алкохол.
На 33 лица, им била измината важноста на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 17 возачи, а кај 15 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло. 13 возачи ги управувале возила со над дозволената брзина
Исто така, евидентирани и прекршоци за некористење на сигурносен појас, за зборување на мобилен телефон, за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин и за непрописно паркирање.
За време на викендот, спроведена е и акција на подрачјето на СВР Тетово. При тоа пет возачи се исклучени од сообраќај, додека на уште пет лица издадени им се платни налози.