
Одличните игри на ракометарите на Вардар и на Металург во 1/8 финалето во Лигата н шампионите не останаа незабележани, па така во тимот на колото се најдоа по еден играч од двата тима.
На позицијата лево крило е избран Тимур Дибиров од Вардар (постигна 9 голови со Хамбург), а на позицијата десен бек е Ренато Вугринец од Металург (постигна 13 голови против Колдинг).
Тим на колото (прв осминафинален натпревар):
лево крило – Тимур Дибиров (Вардар),
лев бек – Мариуш Јуркевич (Висла),
среден бек – Стас Скубе (Горење),
десен бек – Ренато Вугринец (Металург),
десно крило – Штефан Шродер (Хамбург),
пивот – Ренато Сулиќ (Веспрем) и
голман – Славомир Шмал (Киелце).