
Во списокот со фудбалери кои би требало да го засилат најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, за време на летниот преоден рок, може да се прочита и името на белгискиот интернационалец од редовите на Тотенхем, Јан Вертонген.
Англиските медиуми се убедени дека Манчестер Сити веднаш на стартот од летниот преоден рок ќе испрати официјална понуда за 26-годишниот дефанзивец која нема да биде помала од 25 милиони евра.
Најавениот трансфер полесно ќе биде реализиран и доколку неговиот актуелен клуб, Тотенхем, на крајот од актуелната сезона не обезбеди место кое води во групната фаза или во последното квалификациско коло од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.