Киев: Расте опасност од војна меѓу Русија и Украина

Расте опасноста од војна помеѓу Русија и Украина, предупреди вчера украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Дешчица, осудувајќи го распоредувањето на руските сили на истокот на земјата.

„Расте…и станува се’ поголема“ рече украинскиот министер одговарајќи на прашањето на америкскат мрежа „Еј-Би-Си“ во врска со опасноста од воен судир меѓу Киев и Москва. Тој предупредил дека ситуацијата е многу потензична од минатата недела.

Според него ако руските сили ги завземат источните подрачја ќе биде многу тешко да се побара од Украинците кои живеат таму да не возвратат на таа воена инвазија.

Илјадници Украинци вчера се собрале во Киев за да изразат загриженост поради руското присуство.

Инаку, руските сили се подготвени во секој миг да ја нападнат Украина.