
Американскиот аналитичар и експерт за Балканот, Стивен Мејер тврди дека се уште постои можност БиХ да се распадне, и вели дека со тек на времето и Република Српска ќе стане независна.
БиХ, нејзините политички лидери и граѓани мораат сами да донесат одлука каде сакаат да одат и тоа не може да се донесе во Вашингтон или Брисел, туку исклучиво во државата, изјави тој за РТРС.
„Одлуката е ваша, можете ли да преживеете како држава или како ентитет со Федерацијата. И двете имаат свои проблеми, пред се економски и социјални. Во Федерацијата тоа е поизразено, видовме на протестите. Но сите кои мислат дека постои обид РС и ФБиХ да се дестабилизираат, грешат“, оцени некогашниот аналитичар на ЦИА.
Мејер смета и дека е тешко да се каже што ќе се случи со Република Српска, дали ќе стане дел од Србија и дали воопшто може да биде независна.
„Тешко е да се каже што ќе се случи, ова е мало подрчаје. Но, оваа одлука треба сами да ја донесете. Ќе треба повеќе време да се направи тоа, ќе трае подолго, но мислам дека ќе се случи“, проценти тој.