
Се измокрило на тепихот, па соседот со електричен кабел ја претепал до смрт. Ова е причината поради која соседот решил да крене рака на тригодишното девојче, пишува Канал 5 по информации од првичната истрага.
„Двајцата осомничени маж и жена кои ги чувале трите деца на сосетката со која делеле ист покрив се во притвор. Мажот кој е осомничен дека го претепал девојчето немал никакви документи па треба да му се изврши идентификација. Нивните три деца од кои едно е седуммесечно бебе во моментов се згрижени од Центарот за социјални работи, односно, се во згрижувачки семејства“, пишува Канал 5.
Неколку години постариот брат на убиеното девојче и едно од децата на осомничените во својство на сведоци и во присуство на социјален работник на инспекторите им раскажале што виделе и чуле од страшната случка.
Сопружниците ги чувале децата додека нивнта мајка била на работа. По трагедијата и се јавиле и и рекле дека девојчето паднало по скали, но резултатите од обдукцијата покажаа дека смртта кај малото девојче била насилна.