
Вонредно, 30. коло, ќе има и во шпанската Примера дивизион, а од денешните два натпревари, поголемо внимание ќе привлече дуелот помеѓу екипите на Елче и Атлетик (Б). За разлика од домаќинот кој се уште го нема осигурано опстанокот во елитното друштво, гостинот од Билбао има обврска да слави и на ова тешко гостување и така да ги зачува реални шансите за освојување на четвртата позиција на табелата, која гарантира настап во последното елиминациско коло од Лигата на шампиони. Голема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува и на првенствената пресметка помеѓу екипите на Малага и Еспањол.