Потрaгата по малезискиот авион продолжува: Испратен локатор и подводно возило во Перт

Пацифичката команда на САД испратила локатор на акустични сигнали на црната кутија и роботско подводно возило без човечки екипаж „блуфин 21“, како помош во потрагата по црната кутија на исчезнатиот малезиски авион во Индискиот океан, откако на сателитските снимки се воочени повеќе остатоци.

Американски воени претставници предупредуваат дека воочените остатоци не значат дека е пронајдена прецизна локација на урнатиот авион Боинг 777.

Испратениот локаторски систем е во состојба да ги фати сигналите од црните кутии од потонати бродови или авиони доколку се наоѓаат на длабочина од најмногу 6.000 метри.

Експертите предупредуваат дека, веќе поминаа 17 дена од несреќата, полека истекува времето со пронаоѓање на црната кутија евентуално ќе ја реши мистеријата како и зошто се урна малезискиот авион.

Со прописите се предвидува црната кутија да емитува акустичен сигнал најмалку уште 30 дена по несреќата, а експертите напоменуваат дека сигналите можат да потраат и две недели по тој рок во зависност од јачината на батериите во црната кутија во моментот на несреќата.