Србија најверојатно ќе ја добие новата влада на 24-ти април

Новата Влада на Србија, на чело со Александар Вучиќ, ќе биде формирана на 24-ти април, пренесуваат српските медиумите.

Како што пишува весникот „Новости“, според редот на возење кој што зацртаа најсилните политички фигури во државата, конститутивната седница на Народното собрание би требало да се одржи на 17-ти април.

Потоа откако пратениците ќе положат заклетва, Вучиќ формално ќе го прими мандатот од претседателот Томислав Николиќ, но потоа, во најкраток рок ќе ги обелодени својот иден министерски тим.