
Избирачкиот список за претстојните претседателски избори е заклучен. Според Државната изборна комисија (ДИК) право на глас на 13-ти април ќе имаат 1.779.572 граѓани.
Списокот беше затворен откако ДИК ги доби и послените информации до Државниот завод за статистика.
Од ДИК соопштија дека во посебните избирачки списоци се запишани 1.707.228 гласачи.
Според податоците на ДИК на привремена работа во странство се 70.305, а од нив 8.332 се пријавиле да гласаат во дипломатско конзуларните претставништа.
Предвидено е членовите на избирачките одбори да гласаат на избирачко место во ДИК пред заминувањето во македонските Дипломатско – Конзуларни претставништва. На 12 април ќе гласаат 39 внатрешно раселени лица и 1.706 затвореници. Од ДИК очекуваат зголемување на бројот на гласачи од дијаспората за време на предвремените парламентарни избори.