
Најдобрите од македонска естрада застанаа во поддршка на претседателскиот кандидат бодрејќи со своите моќни вокални способности.
Владо Јаневски, Каролина Гочева, Наум Петрески, Елена Ристеска, Миле Кузмановски, Калиопи и Тијана Дапчевиќ се македонските пејачи кои ја пејат химната на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.
Насловот на химната што ја изведуваат дел од најдобрите пејачи во земава е Државата пред сѐ.
Изборниот спот е направен по масовниот почетен митинг, кој во понеделникот се оддржа во Охрид и на кој присуствуваа над 50.000 граѓани.