
Челниците на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед веќе ја започнаа потрагата по новиот дефанзивец кој ќе пристигне на “Олд Трафорд” на стартот од летниот преоден рок и кој ќе биде ангажиран како наследник на искусниот српски интернационалец Немања Видиќ кој веќе потпиша 2-годишен договор со италијанскиот калчо гигант Интер.
Прв на списокот со потенцијални засилувања е аргентинскиот интернационалец од редовите на португалскиот прволигаш Бенфика, Езекел Гарај.
Поранешниот играч за врска има договор со португалскиот гигант до 2015 година и поради таа причина, да се заработи што е можно повеќе на неговото обештетување, Гарај сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.
Преселбата на “Олд Трафорд” лесно ќе стане реалност и за аргентинскиот интернационалец и за раководните лица на Манчестер Јунајтед само доколку понудата за неговите услуги не биде помала од 20 мил. евра.