
Тајланд воочи 300 објекти кои плутаат во Индискиот океан во текот на сателитската истрага за исчезнатиот малезиски авион.
Објектите се со големина од два до 15 метри и расфрлани се на простор на околу 2700 км. југозападно од Перт во Австралија.
Аналитичарите велат дека тоа би можело да биде охрабрувачки знак и дека би можел да води кон исчезнатиот авион.
Од друга страна, се уште не е официјално потврдено дека овие објекти се поврзани со МХ370.