
Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори го елиминира Швајцарецот Роже Федерер во четвртфиналето на мастерс турнирот во Мајами. Нишикори славеше со 3:6,7:5,6:4 по два часа и 10 минути игра и во полуфиналето ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ кој претходно го совлада Енди Мареј.
Ѓоковиќ и Нишикори досега имаат меѓусебен скор 1:1. Новак победи на Ролан Гарос во 2010 година во три сета, но во полуфиналето во Базел следната година поведе го загуби мечот со јапонскиот тенисер.