
Синот на пилотот на малезискиот авион, за кој што се претпоставува дека паднал во Индискиот океан, ги отфрла шпекулациите околу можната улога на неговиот татко во исчезнувањето на авионот, јавува „Си-Ен-Ен“.
„Се’ прочитав на Интернет. Но, ги игнорирам сите шпекулации. Јас најдобро го познавам мојот татко“, изјавил 26-годишниот Ахмед Сет Захарие.
Ахмед е најмаладиот син на 53-годишниот пилот, капетан Захарие Амхед Шах, кој според некои шпекулации можеби го киднапирал авионот како израз на политички чин.
„Можеби не сме многу блиски, бидејќи тој многу често патува. Но, јас го познавам“, рекол синот на пилотот.
Пилотот и копилотот биле во центарот на бројните шпекулативни теории бидејќи еден од нив или двајцата го пренасочиле авионот од редовниот курс на летот.