
Големо невреме попладнево ја зафати Битола и околина проследено со силен ветер, дожд, грмотевици , објави Тера телевизија.
Многу електрични празнења над градот под Пелистер. Силниот ветершто дува неколку часа во Битола предизвика и материјални штети врз одредени угостителски објекти.
Улиците во градот се под вода, а грмотевиците го осветлуваат небото над Битола. За да не се случи проблем со електричната енергија, дел од семејствата во градот превентиво ја исклучуваат струјата. Неколку интервенции и на протипожарната служба на градот.