
Две кражби се случија во Куманово во изминатите 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Првата кражба се случила во 18,30 часот во продавницата „Елида“ каде што непознат и вооружен крадец од вработената одзел 29.800 денари од дневниот промет.
Вториот грабеж се случил во парфимеријата „Пикасо“ каде што крадец со нож од вработените украл 7.500 денари.
Полицијата и во двата случаи презема мерки за целосно расчистување на случајот.