
„Русија треба да престане да ја користи независноста на Косово од Србија како оправдување за Крим, бидејќи тие два случаи не можат да се споредат,“ изјави премиерот на Косово Хашим Тачи за Ројтерс.
Тачи истакна дека „поранешната српска покраина, која стекна независност 2008“ нема никаква сличност со случувањата во Украина.
„Косово е единствен случај. Меѓународната заедница интервенираше по геноцидот кој го изврши Србија. Ние никогаш не побаравме да напуштиме една држава и да се приклучиме на друга,“ изјави Тачи.
Тој оцени дека принципот менување на границите и анексија на територијата на другата држава е пристап кој може да има последици на цел свет.