
Премиерниот натпревар од 27. коло во германската Бундес лига, дуелот во Гелзенкирхен помеѓу екипите на Шалке и Херта од Берлин, заврши со сигурен триумф на домаќинот од 2:0.
Првиот погодок на натпреварот, постигнат во 16 минута беше дело на Кинеду Обаси, а на стартот од второто полувреме, во листата на стрелци се запиша и холандскиот интернационалец, Клас Јан Хунтелар.
Иако веќе ја осигураа, новата 24. шампионска титула, фудбалерите на Баерн (М) најавија триумф и во дуелот против се подобриот тим на Хофенхајм.
Фенерџијата на првенствената табела, тимот на Брауншвај не би требало да биде некоја посериозна пречка за фудбалерите на Баер од Леверкузен, а фаворитската улога, но на тешкото гостување во Штутгарт, ќе треба да ја оправдаат и фудбалерите на Борусија од Дортмунд.
Денеска на програмата: Фрајбург – Нирнберг, Волфсбург – Ајнтрахт Ф., Штутгарт – Борусија Д., Мајнц – Аугсбург, Баерн М. – Хофенхајм, Леверкузен – Брауншвајг.