
Балканскиот миленик и победникот на првиот регионален Х Фактор, Даниел Кајмакоски денеска пристигна во Скопје, а неговите обожавателки со овации, прегратки и многу љубов го пречекаа на аеродром. Стотина девојчиња му посакаа добредојде на талентираниот Македонец, кој не ги штедеше своите прегратки.