
Премиерниот натпревар од 25. коло од македонската Прва фудбалска лига, дуелот помеѓу градските ривали Работнички и Македонија ЃП, заврши со сигурен триумф на “романтичарите” од 2:0.
Првиот погодок на натпреварот беше дело на Талант Сулејманов, а во листата на стрелци се запиша и Петар Петров.
Кога се во прашање неделните натпревари, убедливо најголема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу екипите на Хоризонт од Турново и Шкендија.
Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Вардар ќе се обиде да стави крај на црната серија со најавениот триумф во дуелот против гостинскиот тим на Напредок, а лидерот на првенствената табела, тимот на Пелистер важи за апсолутен фаворит во дуелот против екипата на Гостивар.
Денеска на програмата: Пелистер – Гостивар, Вардар – Напредок, Еуромилк ГЛ – Брегалница, Х. Турново – Шкендија, Металург – Ренова.