Крим од вечерва преминува на московско време

Крим, кој се припои кон  Русија по референдумот за отцепување на Украина, вечерва во 22 часот по локално време, ќе почне да го смета времето како и москва. , според кој во тој момент ќе биде на полноќ, јави прес-службата на Кримската влада, пренесува ИТАР-ТАСС.

Крим беше примен во составот на Русија врз основа на резултатите од референдумот на 16 март и на Декларацијата за независност на Автономната Република Крим и градот Севастопол.

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 март потпиша законот за влез на Крим и Севастопол во Руската Федерација.