
Од магацин во Битола украдени 11 тони необработена волна вредна 400.000 денари.
Според информациите од Министерстото за внатрешни работи ноќта помеѓу 28 и 29 март магацин на АД„Фринко“ кој го користи „Леснина Инжинеринг“ во Битола бил мета на арамија.
Непознат сторител насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел 11 тони необработена волна во вредност од околу 400.000 денари.
Битолската полиција извршила увид и работи на откривање на сторителите.