
Иванов е човек кој остана со народот, тој е истиот оној Иванов кој го познававме и од претходно, истакна вечерва премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Струмица.
„Иванов е човек кој остана ист, остана со народот. Тој и е истио оној човек кој го познававме од претходно. Политиката и моќта воопшто не го променија“, рече Груевски.
Тој нагласи дека Иванов останал истиот човек, отворен, чесен и стабилен. Груевски ја потенцираше и силната меѓународна дипломатија на актуелниот и кандидат за иден претседател на Македонија.
„Иванов секогаш беше подготвен да дискутира, да разговара и да ги поддржи добрите идеи“, рече Груевски.
Тој потенцираше дека во изминатите пет години државниот врв во Македонија имаше единство.
„За пет години државниот врв имаше единство. Навистина е убаво кога државниот врв знае да го изнајде вистинскиот начин за единство, да ги стави на маса сите идеи и да даде поддршка на оние најдобрите“, додаде Груевски пред приврзаниците во Струмица.
Груевски уште еднаш ја нагласи својата посветена и чесна работа во извршување на своите претседателски функции во текот на првиот претседателски мандат, како што е управувањето со Армијата на Македонија и изборот на амбасадори на земјава во целиот свет.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги спомена и сите оние политички опоненти и противници кои имаа неуспешни обиди за негова дестабилизација, преку многу навреди и клевети.