
Спасувачките екипи ќе ја продолжат потрагата по малезискиот авион кој што исчезна на осми март на линијата Куала Лумпур- Пекинг со 239 патници и членови на екипажот, рекол австралискиот премиер Тони Абот.
Тој рекол дека е зајакната потрагата по авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“, во Перт, каде што се наоѓа координативниот центар за потрага по авионот.
Тој додал дека десет авиони и десет бродови ја пребаруваат областа југозападно од Перт.
Сигналите од црните кутии на авионот траат околу 30 дена и тимовите користат специјален локатор за нивно лоцирање.
Системот на локатори се потпира на акустични сигнали и може да се спушти на максимална длабочина од околу 6.000 метри.