Стоилов му откажа на Обрван

Пикерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Стојанче Стоилов нема да му биде на располагање на селекторот Ивица Обрван за престојниот собир на репрезентацијата во Охрид во рамките на ЕХФ неделата.

Причината заради која Стоилов нема да биде дел од репрезентацијатае повредата за време на осминафиналето во Лигата на шампионите против Хамбург.

„На натпреварот од 1/8-финалето во Лигата на шампионите меѓу Вардар и Хамбург ракометарот Стојанче Стоилов имаше повреда на ногата поради која не го доигра овој меч. Од таа причина ве известуваме дека Стојанче Стоилов нема да може да учествува во македонската репрезентација во овој период. Стоилов денеска пристигнува во Хамбург, а веќе од утре ќе се извршат потребните испитувања за неговата повреда“, се вели во дописот од Вардар до РФМ.

Претходно поради активности во своите клубови свое отсуство од овој собир најавија Кире Лазаров како и голманот Борко Ристевски.