
Традиционално, како и секоја година, така и оваа, на плоштадот Македонија беше одбележан Денот на шегата.
На плоштадот во главниот град продефилираа најразлични креативни маски, кои ги носеа дечиња од најразлична возраст, па дури и оние најмалите.
Смеа, детски жагор, музика и добра забава – таква беше атмосферата во центарот на Скопје.
Во вечерните часови се очекува уште поголема забава, кога и повозрасните ќе излезат на прошетка со маски.
Погледнете што уловивме…