
Минимална, но злато вредна победа од 2:1 на тешкото гостување во Сандерленд, забележаа фудбалерите на Вест Хем.
Според моменталната позиција на табелата, гостинот од Лондон е на само неколку чекори од исполнување на зацртаната цел, опстанок во елитното друштво, додека фудбалерите на Сандерленд најверојатно во новата клупска сезона ќе се натпреваруваат во англиската Втора лига.