Се укинува бесплатното возење на пензионерите

ЈСП донесе одлука да се укине бесплатното возење на пензионерите, бидејќи, како што појаснуваат од претпријатието, потребни се парични средства за изградбата на панорамското тркало во центарот на градот.

Од таму велат дека оваа одлука е само привремена, и дека штом  се соберат потребните финансии, повторно ќе стапи во сила.

Но, за да не останат пензионерите  без бенефиции, од Спортскиот центар Борис Трајковски соопштија дека за сите пензионирани лица ќе биде бесплатен влезот во Аква паркот кој се отвара на 15 мај. Од таму појаснуваат дека ова одлука е донесена бидејќи заврши ски-сезоната и сакаат да им овозможат на пензионерите да се разладат во топлите летни денови.

 

 

Априли- ли-ли

Само за мало потсетување денеска е Денот на шегата и смеата, први април.

Тимот на Нетпрес Ви посакува многу повеќе насмевки 🙂