
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ која секоја година организра настани по повод овој ден, а со цел да потсети на лагите на СДСМ, годинава нема да го стори тоа.
„Овој пат не правиме никаков настан бидејќи настаните и настапите на СДСМ говорат за себе. Доволно се комични. Оваа година, овој ден и целиот овој месец граѓаните имаат можност да ги гледаат лагите на СДСМ на нивните митинзи и да ги читаат на нивните медиуми. Шеќеринска, Пендаровски и Заев, СДСМ ни ги претставува за нови лица. Ова е најголемата и најсмешната лага за оваа година“, се вели во соопштението на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ..
Оттаму додаваат дека овој ден им го посветуваат на СДСМ, со охрабрување да продолжат да засмејуваат, затоа, како што велат, 1 април за СДСМ ќе трае до 27 април.