
Украинскиот претседател, Арсениј Јаценјук, изразил желба за преговори со Русија на ниво на шефови на дипломатиите.
„Сакаме да одржиме украинско- руски преговори и мислам дека нашите министри за надворешни работи треба да се сретнат што е можно поскоро“, рекол Јаценјук.
Тој истакна дека Украина никогаш нема да го признае присоединувањето на Крим кон Русија, но дека „постојат некои прашања за кои што треба да се разговара, а меѓу нив се билатералната трговија и енергијата“.
„Подготвени сме за преговори на министрите за надворешни работи таканаречена контакт група, формирана пред три недели“, рекол Јаценјук и додал дека Русија би требало да ја прифати независноста на Украина и нејзината желба да стане членка на ЕУ.