
Пет лица загинаа во силен земјотрес, чиј интензитет бил 8,2 степени, кој што синоќа го зафати северното крајбрежје на Чиле и предизвика цунами од два метри.
Во земјотресот загинаа најмалку пет лица, соопшти министерот за внатрешни работи, Родриго Пеналињо.
Загинаа четири мажи и една жена во два града, и тоа како последица од доживеан срцев удар или рушење на објектите.
Во погодените области не е причинета значителна материјална штета, но лизгање на земјиштето блокирало неколку клучни патишта, неколку илјади луѓе останале без струја, еден аеродром е оштетен, а неколку објекти се опожарени.
Околу 300 лица побегнале од женски затвор, а официјални лица рекле дека чилеанската војска испратила авиони со специјални единици да ги чуваат имотите од кражби.
Во градот Арика, 139 километри од епицентарот, болниците ги примаат полесно повредените, некои куќи се уништени, а 90 отсто од потрошувачите останале без електрична енергија.
Предупредувањето за цунами и понатаму останува на сила за кражјбрежјето на Перу, Чиле и за Хавана, така што стотина илјади луѓе должд крајбрежјето ноќите не ги поминуваат во своите домови.