Барбара најави соработка со Паоло Малдини

Потпретседателот на италијанскиот калчо гигант, Барбара Берлускони, откри дека вратата од “Сан Сиро” секогаш му е отворена на легендарниот капитен, Паоло Малдини.

“Паоло Малдини е симбол на Милан. Не е точно дека ние како клупски челници имаме некаков проблем со најверните фанови. Сите фанови на Милан се лојални. Ние немаме никаков проблем со Малдини. Секогаш е дел од сите свечени церемони, секогаш е на располагање. Имав шанса да поразговараме околу моменталната ситуација во клубот. Сакам да се врати во Милан, да дојде во новите клупски простории. Како и секој верен фан на Милан и Малдини сака неговиот омилен клуб да биде дел од свиот врв во Италија и во Европа”, изјави Барбара Берлускони.