
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа која претпладнево се случила на влезот од Велес.
До несреќата дошло при судир на автомобил и мала цистерна која превезувала млеко, во која повредени се возачот и сопатничката од автомобилот.
Повредените се пренесени во велешката болница, а полицијата врши увид и работи на утврдување на причините за сообраќајката.