
Доделувањето на решенија за легализираните дивоградби продолжува да се реализира согласно претходно проектираната динамика.
Од денеска, уште 63 прилепчани се стекнаа со правото за законско користење на личниот имот кој и покрај тоа што со децении го уживале, сепак, не биле и негови вистински сопственици.
Официјалните информации говорат дека Прилеп останува лидер на ниво на држава како по легализирани објекти, така и според изработката на деталните урбанистички планови.
Прилепчани покажаа голем интерес за оваа владина социјална мерка за докажување на сопственоста за нивните дивоизградени објекти.