Бесплатен туристички викенд за пензионери

Бесплатен туристички викенд за пензионери најави синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој на голем митинг во Скопје ја промовираше новата програма за претстојните парламнетарни избори.

„Со цел да се обезбеди квалитетен живот, социјална заштита и сигурност на највозрасните, од 2015 година ќе започнеме со реализација на проектот „Бесплатен туристички викенд за пензионери“. Бесплатниот викенд ќе може да се искористи во одморалиштата и хотелските комплекси кои се наоѓаат на планините и крајбрежјето на езерата во Македонија како на пример во Охрид, Дојран, Струга, Преспа, Берово и Крушево. Во овој проект влегува платен превоз, ноќевање и 2 полни пансиони. Исто така ќе воведеме бесплатен викенд (петок, сабота и недела) еднаш во месецот за превоз на повозрасни лица во железничкиот сообраќај во Република Македонија. Сите лица мажи над 64 години и жени над 62 години ќе имаат право на бесплатен превоз во повратен правец во определен викенд во месецот,“ истакна Груевски.

Меѓу другото тој најави дека секоја година ќе има зголемување на пензиите на пензонерите по 5 осто.