Груевски: СДСМ се плаши од народот!

Премиерот Никола Груевски, на вчерашниот централен митинг во Скопје, политичките противници од СДСМ ги нарече класични апологети на еден систем на вредности кои треба конечно да се испрати во историјата.

Во таа насока, тој им порача дека народот ги познава и поради тоа не може да биде излажан.

„Не го потценувајте дека народот се плаши, народот не се плаши! Македонецот не се плаши! Вие во раководството на СДСМ сте тие кои се плашите. Се плашите како ќе одговорите, зошто девет години народот не ви ја дава довербата. Се плашите за вашиот комодитет. Вие се плашите од народот, избегавте, држите трибини и навредувате, манипулирате а избегавте од најголемиот дуел, дуелот пред народот,“ изјави премиерот Груевски.

Меѓудругото, премиерот потенцираше дека СДСМ на овие избори немаат што да понудат.

„Немаат одговор на нивните поддржувачи од партијата кога ги прашуваат зошто никој веќе не им верува? Затоа што ја прокоцкаа довербата на народот, а имаа премногу шанси. Тие истите кои ракоплескаа на говорите на Црвенкоски и се бореа меѓу себе, кој повеќе да му се допадне,“ додаде Гуревски.