
Агенцијата за млади и спорт, почна да гради нова спортска сала во населбата Методија Андонов-Ченто, во дворот на основното училиштето „Крсте Мисирков”.
Спортската сала ќе биде изградена според меѓународни стандарди, а во неа ќе може да се игра кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, тенис. Салата ќе биде опремена со реквизити за гимнастика и пинг-понг, а ќе се изградат и трибини со капацитет за 500 гледачи.
Салата ќе може да ја користат сите спортски клубови, спортисти и ученици.
Со изградбата на овој објек се заокружува проектот: „Изградба на 35 спортски сали низ државата на Агенцијата за млади и спорт”.