
Во серија суири меѓу криминални групи на североистокот на Мексико убиени се 14 луѓе, соопштиле властите во мексиканската држава Тамаулипас.
Во соопштението не е прецизирано кои се’ криминални групи учествувале во судирите, ниту дали тие се поврзани.
Тамаулипас спаѓа меѓу мексиканските држави со најголема стапка на насилство. Во неа се судираат наркокартелите Голф и Зетас.
Во соопштението се наведува дека шест лица загинале во престрелки во Мадера, а шест во Тампика. Уште две лица се убиени на други локации, од кои една во слаткарница.