Атлетик Билбао се’ поблиску до Лигата на шампиони

Последниот натпревар од 32. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Леванте и Атлетик (Б) заврши со минимален триумф на гостинот од Баскија од 2:1.

Двата погодока за Атлетик (Б) беа дело на високиот напаѓач Арик Адуриз, а во 66 минута, ефектен автогол постигна играчот за врска Сан Хозе.

„Бевме подобар противник во поголемиот дел од натпреварот. Доминиравме во првите 45 минути од натпреварот и можевме да постигнеме уште неколку погодоци. Свесни сме колку е значајна оваа победа, колку се важни овие бодови во борбата за четвртата позиција на табелата”, изјави по натпреварот предводникот на Атлетик (Б), Ернесто Валверде.