
Носителот на Изборната eдиница 2, Гордана Јанкуловска денеска оствари средба со граѓаните на Смилковци.
На средбата пред граѓаните на Смилковци, Јанкуловска ги презентираше проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Како еден од најважните проекти во програмата на ВМРО-ДПМНЕ таа го наведе проектот за отпишување на долговите за социјалните случаи.
Подоцна заедно со локалното население Јанкуловска ја посети и локалната црква која е во фаза на изградба.