Мадуро се согласи на состанок со делегацијата на опозицијата

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, се согласи да се сретне со делегацијата на опозицијата, по најновиот ангажман на амбасадорот на Јужна Америка.

Единствен проблем е тоа што само мал број од оние кои се против владата на Мадуро досега се согласиле на разговори. Мадуро рекол дека разговарал со осум министри за надворешни работи на јужноамериканските земји и дека тие предложиле состанок со делегацијата на опозицијата, на што се согласил.

Во текот на антивладините протести во последните два месеца загинаа 39 лица.

Од почетокот на февруари, студентите во Венецуела со поддршка на опозицијата одржувале секојдневни демонстрации против претседателот, поради се’ поголемата стапка на криминал,  високата инфлација и недостигот на основни средства за живот. Во судирите со припадниците на силите за безбедност повеќе стотина лица се повредени или приведени.

За Мадуро демонстрациите се „фашистички американски план да се сруши неговата влада“.