
Грчките новинари и техничкиот персонал од сите медиуми, како и вработените на пристаништата, денеска штрајкуваат против мерките за штедење, додека кулминација на бранот протести е најавено за утрешниот генерален 24-часовен штрајк свикан од двата водечки синдиката во приватниот и државниот сектор ГСЕЕ и АДЕДИ.
Медиумските работници бараат потпишување нови колективни работни договори, како и итен прекин на отпуштањата од работа и доцнењата со исплатата на платите. Тие, исто така, инсистираат и на зголемување на помошта за невработените.
Синдикатите, пак, протестираат против отпуштањата во државниот сектор, против вклучувањето на државните службеници на принуден одмор, со перспектива нивните работни места да бидат укинати.
Државните болници утре ќе бидат отвворени само за итни случаи, бидејќи во генералниот штрајк ќе учествуваат и лекари, медицински сестри и административни работници. Во него ќе се вклучат и вработените во локалната самоуправа, банкарските службеници, наставниците и универзитетските професори, како и вработените во даночните служби.
Поради протестот и на вработените во градскиот превоз и железницата, утре нема да соoбраќаат возовите и автобусите.