
Вооружен маж вчеравечер со Зоља влегол во просториите на Брзата помош во болница во Белград.
Според податоците на српските медиуми, се работи за 54-годишниот Слободан П. кој влегол во просториите на Брзат помош на Србија и почнал да се заканува дека сите ќе ги убие, барајќи ја жената со која разговарал, Нада Мацура. Во моментот таа не била на работа, а за среќа немало ни пациенти во болницата. Двајца медицински техничари успеале да го совладаат разбојникот и да повикаат полиција.