
Автомобил се запалил попладнево околу 14 часот на улицата Антон Панов во центарот на Скопје.
Според очевидци, автомoбилот од марката „Рено“ е целосно уништен од пожарот, а пламените јазици зафатиле уште еден автомобил од марката „БМВ“.
Две противпожарни возила веднаш интервенирале, а пожарот бил изгаснат.
Причините, како и висината на материјалната штета, дополнително ќе се утврдат. За среќа, повредени нема.