
До крајот на оваа година на располагање се ставаат два милиони евра за иновации и технолошки развој преку новоформираниот фонд за иновации, беше истакнато денеска на средбата на министерот за образование и наука, Спиро Ристовски со Сојузот на стопански комори.
Квалитетот, како што беше истакнато, ќе биде единствен критериум за поддршка на проектите, а првите се очекуваат во септември годинава.
За работата на овој Фонд ќе се информираат сите индивидуални и прави субјекти кои што сакаат да се вклучат во овој процес.
Тој додаде дека за државата овој процес е важен бидејќи значи директно поврзување на иноваторите со компаниите кое ќе донесе до зголемување на увозот и извозот и до директен развој.
Од Светката банка се обезбедени девет милиони евра за финансирање на овие проекти, како и основен буџет и еден отсто од Програмата за рурален развој.
Максималната сума која може да се добие од Фондот е до 30 илјади евра за старт ап бизнис, 100 илјади евра за инструментот за комерцијализација на иновации, 200 илјди евра максимум за трансфер на технологија и за акцелератори 500 илјади евра.
Формирањето на фондот е барање на бизнис заедницата.