
На сцената на Народниот театар во Битола, во сабота, со почеток во 19:30 часот ќе гостува мјузиклот „Волшебно патување“.
Мјузиклот е адаптација на романот „Пат околу светот за 80 дена“ на Жил Верн, а главните улоги ги играат шест аутистични млади луѓе и една девојка со оштетен слух. Покрај нив, на сцената учествуваат и професионалци, балетски играчи, како и фолклорни играчи и хорот при АКУД „Лола“.
Сценариото и режијата се на Ѓорѓе Макаревиќ.
Мјузиклот е премиерно прикажан по повод Светскиот ден на аутизмот на 1 април 2013 година.